Áudio tour

Áudio tourОткријте го село Зовиќ, Мариово

2 Paradas do passeio

  1. Resumo do áudiopasseio
  2. Resumo do áudiopasseio

    Одлична можност да го запознаете село Зовиќ, преку лесна пешачка тура погодна за целото семејство. Откријте што е она што го прави ова село посебно и зошто е една од најспосетуваните локации во Мариово.

    Се претпоставува дека село Зовиќ на ова место постои од XVI-XVII век. Претходно селото се наоѓало околу 500 метри подалеку, на месноста викана Лениште. Тоа село изгорело до темел, по што жителите ја населиле денешната локација. Првобитно име на селото е Бзовиќ, поради растението бозел кое го има тука во изобилие. Селото е ридско-планинско, куќите се градени од природен материјал – камен, кал и дрво. Од 388 жители во 1961 година, кога имало и училиште до четврто одделение, денес во селото живеат помалку од 10 постојани жители. Бројот на посетители се зголемува за викендите и летниот период, пред сe` поради чистата природа, мирот, тишината, и чувството што се добива како времето да застанало тука.
    Селото било целосно расселено за време на Првата светска војна бидејќи било на самата фронтова линија. Во селото била сместена бугарската војска, а селаните биле протерани од нивните домови. Од бомбардирањата, скоро сите куќи биле разрушени, а тешко била оштетена и селската црква „Св. Никола“. По војната црквата била обновена и денес таа е збиралиште на зовичани за празникот Св. Никола во месец јуни, а особено за Богојавление - Водици, кога се одржува посебен обред со специфични детали кои не се среќаваат во ниедно друго место. Во близина на селото, на ридот Марта, се наоѓа и црквичето „Свети Атанасиј“ изградено во XVII век.
    На околу еден час пешачење, покрај Црна Река, се наоѓа манастирот „Св. Димитрие“ – Чебрен, чиј патрон е заштитник на селото.

  3. 1 Село Зовиќ, Мариово
  4. 2 Црква „Свети Никола“, село Зовиќ, XIX век
  5. 3 Живопис со приказ на Св. Ѓорѓи
  6. 4 Археолошки локалитет „Марта“, село Зовиќ
  7. 5 Црква „Свети Атанасиј“, село Зовиќ, XVII век
  8. 6 Камен мост, село Зовиќ
  1. Resumo do áudiopasseio

    Одлична можност да го запознаете село Зовиќ, преку лесна пешачка тура погодна за целото семејство. Откријте што е она што го прави ова село посебно и зошто е една од најспосетуваните локации во Мариово.

    Се претпоставува дека село Зовиќ на ова место постои од XVI-XVII век. Претходно селото се наоѓало околу 500 метри подалеку, на месноста викана Лениште. Тоа село изгорело до темел, по што жителите ја населиле денешната локација. Првобитно име на селото е Бзовиќ, поради растението бозел кое го има тука во изобилие. Селото е ридско-планинско, куќите се градени од природен материјал – камен, кал и дрво. Од 388 жители во 1961 година, кога имало и училиште до четврто одделение, денес во селото живеат помалку од 10 постојани жители. Бројот на посетители се зголемува за викендите и летниот период, пред сe` поради чистата природа, мирот, тишината, и чувството што се добива како времето да застанало тука.
    Селото било целосно расселено за време на Првата светска војна бидејќи било на самата фронтова линија. Во селото била сместена бугарската војска, а селаните биле протерани од нивните домови. Од бомбардирањата, скоро сите куќи биле разрушени, а тешко била оштетена и селската црква „Св. Никола“. По војната црквата била обновена и денес таа е збиралиште на зовичани за празникот Св. Никола во месец јуни, а особено за Богојавление - Водици, кога се одржува посебен обред со специфични детали кои не се среќаваат во ниедно друго место. Во близина на селото, на ридот Марта, се наоѓа и црквичето „Свети Атанасиј“ изградено во XVII век.
    На околу еден час пешачење, покрај Црна Река, се наоѓа манастирот „Св. Димитрие“ – Чебрен, чиј патрон е заштитник на селото.

Análises

Nenhum comentário ainda

Escreva a primeira análise
A minimum rating of 1 star is required.
Please fill in your name.