Audiotur

Audiotur ТАОР – ТАУРЕСИУМ

Endast på Makedonska
QR code

2 sights

  1. Ljudturssummering
  2. Ljudturssummering

    Тауресиум (лат.: Tauresium) родното место на Јустинијан I е древен, антички град, чиишто остатоци и цивилизациски белези се наоѓаат во рамки на археолошкиот локалитет „Градиште“, над селото Таор. Животот на оваа населба континуирано се одвивал од раното бронзено време (3400 – 1800 година пред н.е.), а до Римското освојување на овие простори во 168 година п.н.е., нејзиниот развоен пат се одвивал преку доминација на Пајонското и Македонското кралство. Најраната урбанизација населбата ја добила за време на римскиот император Antoninus Pius (138-161), а најголем процут достигнала за време на Justinian I, кога била целосно изменета урбаната шема која денеска зафаќа површина од околу 2,2 ха во чиј простор се распоредени јавни градби со атриум, одбранбен ѕид со четири кули на аглите (tetrapirgion), водовод за снабдување со чиста вода и одвод за атмосверските води надвор од населбата. Покрај горниот град кој се состои од акропола и централна населба, постои подградие каде што биле сместени обичните граѓани и занаетчиите. Досега се откриени остатоци од некропола, дел од мермерна биста (веројатно на императорот Philip Arab 244-249), фурна и богат фонд од монети. Во внатрешноста на месната црква се наоѓаат мермерни столбови и други архитектонски елементи од ранохристијанска базилика, со кои се потврдува дека оваа населба имала светилиште, веројатно изградено од Јустинијан, со специјално значење за императорот кој интензивно инвестирал во чест на споменот кон родното место.
    Животот на Тауресиум згаснал по честите упади на Словените и Аварите во периодот од 602 – 622 година, но како помала населба опстојувал до крајот на XII век.

  3. 1 ТАОР – ТАУРЕСИУМ РОДНО МЕСТО НА ВИЗАНТИСКИОТ ИМПЕРАТОР ЈУСТИНИЈАН I
  4. 2 Јустинијан I
  5. 3 Мермерен капител (лат. caput; мак: глава)
  6. 4 Монограм на Јустинијан I (527-565)
  7. 5 Крст од лустер – тавански свеќник
  1. Ljudturssummering

    Тауресиум (лат.: Tauresium) родното место на Јустинијан I е древен, антички град, чиишто остатоци и цивилизациски белези се наоѓаат во рамки на археолошкиот локалитет „Градиште“, над селото Таор. Животот на оваа населба континуирано се одвивал од раното бронзено време (3400 – 1800 година пред н.е.), а до Римското освојување на овие простори во 168 година п.н.е., нејзиниот развоен пат се одвивал преку доминација на Пајонското и Македонското кралство. Најраната урбанизација населбата ја добила за време на римскиот император Antoninus Pius (138-161), а најголем процут достигнала за време на Justinian I, кога била целосно изменета урбаната шема која денеска зафаќа површина од околу 2,2 ха во чиј простор се распоредени јавни градби со атриум, одбранбен ѕид со четири кули на аглите (tetrapirgion), водовод за снабдување со чиста вода и одвод за атмосверските води надвор од населбата. Покрај горниот град кој се состои од акропола и централна населба, постои подградие каде што биле сместени обичните граѓани и занаетчиите. Досега се откриени остатоци од некропола, дел од мермерна биста (веројатно на императорот Philip Arab 244-249), фурна и богат фонд од монети. Во внатрешноста на месната црква се наоѓаат мермерни столбови и други архитектонски елементи од ранохристијанска базилика, со кои се потврдува дека оваа населба имала светилиште, веројатно изградено од Јустинијан, со специјално значење за императорот кој интензивно инвестирал во чест на споменот кон родното место.
    Животот на Тауресиум згаснал по честите упади на Словените и Аварите во периодот од 602 – 622 година, но како помала населба опстојувал до крајот на XII век.

Recensioner

Inga recensioner än

Skriv den första recensionen
A minimum rating of 1 star is required.
Please fill in your name.

Skapa dina egna ljud-turer!

Användningen av systemet och den mobila guide-appen är helt gratis

Start

App preview on iOS, Android and Windows Phone