Audio tour

Audio tour Минато на дланка

Историската приказна на постојаната поставка на НУ Музеј на македонската борба - Скопје е сведоштво за континуираната револуционерна борба на македонскиот народ и ја симболизира идејата за создавање независна и самостојна држава. Слободата и човековите права отсекогаш биле, се и трајно ќе бидат еден од основните идеали и една од крајните цели на секое револуционерно, националноослободително движење, мотивирано и насочено пред сѐ кон ослободување на човекот. Музејските предмети, пак, ни раскажуваат повеќе или помалку познати факти и имаат неверојатна моќ да го оживеат минатото. Свртувајќи се кон традицијата, фокусирајќи се на секојдневјето на човекот, ќе раскажеме нешто повеќе за минатите времиња, за традицијата, за начинот на живот и обичаите, за старите занаети, за модата, облекувањето и украсувањето, но и за влијанијата на ориенталната култура и културата од западноевропските земји. Компаративно ќе го проследиме и периодот од зачетоците на нацијата, па сѐ до нејзината современоста во денешна смисла, преку многубројни локални и глобални историски настани кои концепциски се претставени во 13 одделенија на музејот.

Tour stops

Reviews

A minimum rating of 1 star is required.
Please fill in your name.

Create your own audio tours!

Use of the system and the mobile guide app is free

Start

App preview on iOS, Android and Windows Phone